бразди (несв.)
Есенен угар нека се бразди, земете плугој, брани, сејте, о сејте загони долги, Еј, народ да се храни!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Издолжените сенки од јарболите на малите бродови и гемии ја браздеа рамната површина на пристанишниот кеј.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Солзи течеа од избезумените очи на татко ми, го браздеа неговото извалкано лице.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Неговата сиромаштија се браздеше на челото и капеше во капки пот.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Тогаш јас нема да имам солзи што ќе ми го браздат лицето, како што најчесто се случуваше кога бевме заедно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја избришија правта што демне на дното од огледалото Чинам филмска лента се прикажува, де ветер што свири низ распукани усни де рекички што браздат по образот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А, таа не умееше ни да ги прими, ни да се заблагодари зашто од хортикултура знаеше само да ги окопува леите во дворот и да засадува пипер и патлиџан, а во браздите што ги обрабуваа плодоредите да сади ред ниски, ред високи цвеќиња... од најселските.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Студен камен ме бразди по телото.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)