болска (несв.)
Тоа е време кога се раѓа денот, кога над морската пустелија отскокнува сонцето и болска во стаклените очи на обесените.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во горните прозорци болскаше сонцето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Со стравот потпотиснат од надежта што ми ја врати изворот вода долу, јас се исправив целиот, со сета височина, и во летната вечер, следен од мирисите на тревите и од болскањето на светулките, се вратив во собата кај мојата машина за пишување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Болска во темното таблата испишана со градови, како небото со ѕвезди.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Догорува огнот и пламенот трепетливо се смалува, болска над жарта и ко воздишка згасна...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ти така мислиш! - му се вдаде инструкторот. – Ама секогаш да знаеш дека пушката треба да ја чистиш ... да болска од чистота.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога стигна до триесеттата, тогаш ѝ се пристори дека една од нив се заниша, се оддели од другите и онака бела од снегот, стројна во сета својa висина и убавина, со гранките спуштени надолу и целата во бела долга руба со небројни мали светленца кои болскаат толку, што ослепуваат очи, тргна кон неа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)