боледување (ср.)
Потоа ја зема перодршката и ми напишува два дена боледување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тешките зависници се подложни на боледување од пнеумониа и бронхитис.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Неодамна, по повеќегодишно боледување, скокајќи од прозорецот на својот стан во Париз, изврши самоубиство еден од највлијателните современи филозофи, Жил Делез.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во деновите на неговото боледување, не престануваа да го посетуваат неговите блиски пријатели.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Симулантите (дојдени по боледување) беа најнестрпливи и некогаш доседуваа, а некогаш не.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Тогаш земам боледување и останувам овде да чекам зад врата со скратена двоцевка да видам кој ти прави тебе визити рано насабајле. Dixi.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Таа се беше омажила најрано, букално од школска клупа, место на летен распуст, на трудничко боледување.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Овие работнички работеле по 10 часа дневно, два месеци не зеле плата, а газдите не им плаќале ниту боледување, ниту хранарина.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тие се следниве: (1) неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена, со прекин, во текот на една година; (2) злоупотреба на боледувањето; (3) непридржување кон прописите за заштита од болест, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни ма- терии и повредување на прописите за заштита на животната средина; (4) внесување, употребување или бидување под дејство на алкохол и наркотични средства; (5) вршење кражба или ако, во врска со работата, намерно или од крајно невнимание, биде предизвикана штета на работодавецот; (6) злоупотреба или пречекорување на даденото овластување; и (7) оддавање деловна, службена или државна тајна.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Токму затоа се осеќам компетентен да говорам за алкохолот како суштинска и историско цивилизациска придобивка која се спомиња и у библијата (Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања ап. Павле) како напивка која живот значи .
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имено, тој поради сериозни проблеми со 180 кардиоваскуларниот систем – запушени вени и преживеани два инфаркта на срце – беше на боледување во период од околу две години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Непосредно пред да се оконча спорот во втор степен, а по завршувањето на нејзиното боледување, таа се враќа на работа и го известува раководството, дека таа нема да работи на работното место референт, како што тие сакаат – бидејќи никогаш, во нејзината долгогодишна кариера, не го работела тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, откако на работа, таа почнува да се соочува со многу стресни ситуации, заминува на боледување – кое, заедно сосе годишните одмори, изнесува вкупно 11 месеци, што всушност е и период во кој трае иницираниот судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)