бокс (м.)
При секое издишување, боксот ми се стеснува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога го отворија боксот се изгубив.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме пикнаа во еден бокс. Во некаков тесен долап, обложен со превртена кожа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не бев толку занесен од боксот колку од самиот меч, со сите оние детали кои беа врзани околу него.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На младичот му удира силен бокс и од задниот џеб вади нож.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се врати назад во својот бокс, седна, го фрли парчето хартија немарно меѓу другите хартии на масата, ги стави очилата и го привлече говорпишувачот кон себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
I Беше пладне и Винстон го беше напуштил својот бокс за да отиде в клозет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И си реков: зошто не го удрив оној ден со бокс по муцката Фисот, кога ме исмејуваше читајќи мои стихови?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Инспириран од случајот на првата официјална женска туча на плоштадот во Скопје каде неколку скопски шмизли се изџигерија меѓу себе со шамари и боксои поради богат момак кој се вратил од гурбет ме наведе на една анализа на овој феномен кој е сѐ поактуелен во нашата посткомунистичка транзиција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А џигерите ми останаа во рингот. Дека едно време тренирав бокс... во „мува“ категорија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)