блисне (св.)
Мече весело стана, го погледа со гордост своето дело и наеднаш му текна да го испроба: од долниот отвор му сипа вода до половина, по тоа го стави чамовото дрвце во цевката, го притисна силно и тенка, остра струјка вода блисна далеку нагоре.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Немој на чело да ти напишем фирму, вели, и ја трга ракијата. Речиси ја блиснува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја грабнуваш чашата ракија и целата в уста ја истураш. Речиси ја блиснуваш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Речиси ја блиснува оздола.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Фрлени онака, ко блисната вода.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А таа само се одблиснува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сртови стрмни Кај и да погледнам Друмови црни Главата ја веднам Шуми непроодни Се плашам да мислам Ширини сводни Дозволете со мудроста – Да блиснам! 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)