благороден прид.

благороден (прид.)

Наместо тие благородни задачи, православјето сее само раздор и омраза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На работа! На труд! Да прокопаме меко полињата родни афион, тутун, житце да родат благородни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Тој веќе се виде во положбата бег на Мариово и господар над сета таа раја, та се породи во неговата глава една егоистичка мисла, но и благородна – спасителна барем за децата, жените и старците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само што ги виде и проговори збор-два со Велета тој веднаш разбра кого го има пред себеси и неговото човечко, благородно срце се исполни со тага.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иван Точко проживеал едно карактеристично охридско детство како пргаво, силно, но благородно дете.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жените поцрнети од сонцето, разградени, со светнати очи и благородно порочни, благодарно летаа во прегратките на мажите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега му мирисаше во лицето вриејќи, се чувствуваше спокоен од таа негова топла миризба, го имаше безмалу мекото чувство на допирот, кога ќе се дофатат за да бидат скинати неколкуте стракови од таа белузлава и мовлива благородна билка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вие сте навистина благородно суштество.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
ЛЕНА - Држечка старица со јасно изразени нобл манири која на извесен начин делува одбивно. Во основа благородна.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И во суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Благородниот Трифун Трифуноски (не, невозможно е да се воздржи човек), - тоа беше вистината, на масичката отворено лежеше цело сандаче (војничко куферче), - до врв полно со песни, романи, драми, со секакво творештво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сеедно, додека другите ги обземаше бес, благородниот Трифун Трифуновски потонат во својот волшебен свет блажено, со среќа твореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дали есента, секогаш благородна за носталгични споредби, или можеби старите ракописи што крцкаат под буквите како претоварен, ислужен брод, но кои под песокта сè уште очајнички веруваат ви некои свои светови?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Борис Калпак ја донесе долгата пушка од која загинаа Јане Крстин и Пецо Дановски, Каменчо Скитник извади од дисаги кубура со сребрена дршка: се родил, истиот ден останал без мајка, го израснале на густо млеко од биволица; повеќето се плашеа од него кога ќе ја заборавеа неговата благородност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Навистина, ние испративме човек од Кукулино да ви го каже тоа, со благородна надеж на разжабените усни рекол Каменчо Скитник; не можело да се разбере зошто никој не го поканува да ја земе гајдата и да им ги донесе сите птици на дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под пријатниот лик, благородниот гест и љубезниот збор, тие насетуваа скриена аристократска носталгија по неповратните времиња на Единствената опасност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, овие вознемирувачки мисли веднаш ги разбиваше благородниот блесок во темните очи на патрицијот – таква жед гореше во нив...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе