благодарен (прид.)
И има зошто да ѝ сум благодарен на баба Ленка, стројничката! (Влегува баба Ленка)
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Луѓето живееја од свои и туѓи неволи и ги паметеа дробните настани, благодарени на судбината што понекогаш ја растерува сивата магла на секојдневието.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ако си уверен дека не сум измамник длабоко ќе ти бидам благодарен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Засолнети зад својата задоволност, тие што си го запираат овде здивот да го чујат секој збор, се оддалечиле толку од своите човечки должности и затоа се можеби благодарни и среќни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јадрите, црни, насолзени очи благодарно погледаа во тетка Стана, а грлото така ѝ се стегна што не можеше да прозбори ниту еден збор.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
- И јас сум му благодарна, - искрено вели Весна и гледа негде далеку во планините, како да се мачи да го согледа негде добродушниот лик на Мирчо од Брегово.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И така, луѓето се сеќаваат на добриот човек Мирчо и благодарни му се.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Колку многу исплакав над тие писма и подароци, и колку писма благодарни напишав заедно со тато.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
За многу нешта што сум ги постигнал во животот сум им благодарен на сите мои учители, За многу благости што се сочувале во мојата душа, благодарен сум им на своите учители.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Многу сум му благодарен што покрај толку многу изврвените ликови пред неговите очи, во долгите години на неговата работа со ученици, не ме заборавил.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сигурно за многу нешта сте им благодарни на своите учители, но сигурен сум дека за многу нешта и им се лутите.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Жалосно, Леме, - благодарниот Трифун Трифуноски кротко, од сите страни почна да ме поткопува.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Генералот ми ја зеде десната рака и ми го стави орденот во дланката, велејќи ми: - Благодарната грчка татковина посмртно го одликува вашиот син и го унапреди во чин десетар.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
За она што ѝ рече на мајка ми, му бев благодарен, но, за легнувањето му се налутив малку.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ќе ми изгореа за малку колачите, - викна оттаму, и не ни обрна веќе никакво внимание. Колку ѝ бев благодарен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Светот ќе ви биде благодарен!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Многу ѝ бев благодарен што ме сфати.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Биди разумна... - Ме проколнуваа, потоа ми беа благодарни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога по пустото свое чекање мажите се враќале во постелите, со рамазанска глад се фрлале на своите жени и им биле благодарни што тие уште ги чекаат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)