бик (м.)

И најпосле, дивиот Махмуд, кој беше во сешто бик меѓу стадото бесно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од ум. Познато е - секое јунче станува бик.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Друго не можеа да ѝ забележат освен што не беше сплетена „прцле“ та ѝ викаа „стришко“, други ја презираа што оди со машките во училиште и ѝ викаа „машкар-камара бик Стојна“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заборавам на ноќта - бик, на нејзините врели ноздри, на глоговиот кол. Гледам и умирам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влезе уште еден, со гола до кожа избричена глава, со биковски испупчени очи. Седна спроти него и отвори некаков блок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еднаш кога тој бик ќе го отрујам со ракија, кога со отров ќе го изгаснам неговото црвено око, дојди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сфати ме еднаш, сега, кога молиш: во мене се пропина млад бик и ме черечи со рогови, ме разбива со копита, и јас треба да сум вешт за да го совладам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гледај го црвеното око на мртвиот бик и читај ја во изгаснатата зеница песната на мојата крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Смешен сум. Ноќта е црн бик и има чапунки и седум рогови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Машките пак, притиснати до иконостасот, ги чекаа напаѓачите полни со сила да се удрат и да ја одбијат мечката, но ниту напаѓачот беше мечка, ниту нападнатите беа бикови за да можат со острите рогови да ја убодат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вооружени со по еден голем стап ја држеа дисциплината кај бесните атови и бикови, кои често се клоцаа и бодеа меѓу себе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Иван беше млад, очуван бик со студена и пресметана крв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Девојката беше беспомошна пред очите на насилникот од кои гледаше глад на бик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На неговото лице, издупчено од голема сипаница, штрчеа мустаќи остри како рокчиња на млад бик.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Киро е“ -заклучи Бојан. Со него Бојан често се наоѓаше на Рамни Ливади, каде организираа борби на бикови, кочови или, пак, се натпреваруваа во галопирање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Красен бик имаш, докторе“, му велеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еднаш неделно ветеринарот Скрез ги собираше луѓето на средсело и им покажуваше нагледно со бикот како треба да се врзуваат кравите и каква положба треба да имаат за да можат што подобро да се спарат со бикот и што подобро да се оплодат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од сите куќи најмногу ветеринарот Скрез ја посетуваше куќата на Цанул и најмногу својот бик го спаруваше со неговата крава; влегуваше ветеринарот Скрез со жена му на Цанул, Цанулица, во ќералот кај кравата, и додека кравата блажено подмукнуваше под бикот, блажено подофнуваше и Цанулица потфатена од ветеринарот Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе