бескорисен прид.

бескорисен (прид.)

Дождалец, мислеше Отец Симеон. Бескорисен тип, без болка и без мисла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја чував бескорисната сачмарка под мојата јакна.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
ЉУБА: Еве ќе слушнеш. Ти си ништо, бескорисен човек, шуплив орев, само површно одозгора позлатен, и никогаш нема ништо да создадеш, а секогаш ќе останеш она што - си, провинциски портретист, со мечта за некаква лазурна пештера.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овие вредности изложени во дела со инженерско-конструкционистичка поставеност, пак, се покажуваат како апсолутно бескорисни за епохата во која се предлагаат и, како такви,тие се осудени на неуспех.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не го стори тоа затоа што знаеше дека е бескорисно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред лицето на болката нема херои, нема херои, му се вртеше низ главата, додека се превиткуваше на подот, придржувајќи си ја бескорисно онеспособената рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу се најдоа сред една група од испокинати безлисни џбунови, бескорисни било како засолниште, било како заштита од ветрот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам амбиција голема колку мојата љубов – но бескорисна колку моето незнаење. 1997
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Имам амбиција голема колку мојата љубов - но бескорисна колку моето незнаење”.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Три тома да ви седат у плакар и да ги бришете од прашина со години е стварно бескорисна работа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)