безумник (м.)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На пленуми и конгреси по име и презиме ги именуваа виновниците и дури тогаш разбравме дека растурници нѐ растурија, луѓе без трошка татковина, без корен и без дамар, бескуќници и арамии нѐ испокрадоа, лажговци нѐ исполажаа, безумници нѐ избезумија, та нѐ иселија и раселија...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во едно писмо напишано во септември таа година, Винсент му кажува на својот брат каде си го бара лекот: „Мил брате – секогаш ти пишувам во паузата од работата – работам напорно како вистински безумник, чувствувам придушена страст за работа повеќе од кога и да било.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Безумник, брза, трча, вјаса, цел свет со невидена брзина го помина , до тебе да стаса.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)