бездејство (ср.)
На чорбаџиите им е арно, сиромаштијата спие и ете ти бездејство.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За тоа тој го напушти своето семејство, а не да седи некаде во темница и во бездејство.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Меѓутоа, како што станува често, и ова колебање се заврши со бездејство и сѐ остана како што си беше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)