бањарка (ж.)
Се соземам полека и здогледувам када за бањање, крпи, бањарки, големо огледало... Од кај се најде сега бања?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога почувствува во рацете дека јас нејзиното барање го исполнувам, таа тогаш, додека јас се спуштав на колена лизгајќи ѝ ги дланките преку колковите и по слабините надолу, го отпаша коланот од бањарката, се разголе откривајќи се пред мене без гаќи, со своето тело како целото излеано од млеко, ми допушти да ја изгледам па ми ја стави дланката од својата десна рака на темето и додека ги подвиткуваше нозете во колената и ги подрасчекоруваше, ми ја стегна главата, просто ми се навре на лицето...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Ме исплаши“, рече прибирајќи си ги нозете една кон друга и загрнувајќи ги со полите од бањарката, подисправајќи се на тоалетното столче од што задникот пред моите очи како да ѝ заигра, предизвикувачки, како да ѝ се смали и да ѝ стана поподатлив за моите веќе полакомени дланки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога се покажав на вратата од дневната соба, ја здогледав Гала седната на тапацираното столче пред големото тоалетно огледало, со двете раце кренати над глава бидејќи очигледно си ја дотеруваше фризурата, широките ракави од бањарката паднати до над лактите, со нозете пред неа расчекорени и голи, задникот ширнат по тоа тапацираното столче како предојдено тесто, косата развеана преку рамената и по плеќите. Сигурно се готвеше за излегување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Пристигнувајќи дома, откако ја облече својата домашна бањарка во која велеше дека се чувствувал како Стравински, (ма, сигурно ќе се отарасеше и од неа, само да станеше шофер) го вклучи телевизорот за да ги чуе најновите дневно- политички теми, кое беше еден од неговите омилени ритуали.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)