бал (м.)
Жедни бевме за одмор. Во хотелот „Киев“ таа ноќ имаше бал, а сето тоа нѐ однесе во некоја нестварност, во соништа, можеби поради заморот што го чувствувавме.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бал во снежни виулици Утрово останавме сите изненадени од глетката што можевме да ја видиме од хотелските прозорци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Доле има бал.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Според постојаниот ритуал, Татко ќе појдеше во одајчето десно од чардакот, во тој негов минијатурен балканвавилон, кое беше приспособено во негова малечка библиотека и во работно катче и таму ќе се задржеше некое време.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јунаците на првиот Мајкин бал, во 1939 година, на чело со грофот Чано, тогашен министер за надворешни работи, ја нападнаа родната земја на Мајка. Нејзината родна земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка ова огледало си го носеше на своите патувања во Грција и во Италија, во двете најзначајни патувања од нејзиниот живот, потоа го носеше низ урнатините на балканскиот егзил.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Празникот доаѓа по мачната зима и двата дена во март или во април ги исполнува со радост, славја, балови и размена на подароци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дека се приредува бал беше узнал уште минатата недела.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ах, вие сте тоа, чичко Видан?... Не, не. Имам една мала незгода... Да, овде на балот!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Поканет си на Балот“, објави сета озарена подавајќи му го пликот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ова е погоден рај за бандити подли политички хермафродити глумат елита на виенски бал опинчарски души со чевли во кал Капитализам и посткомунизам модерен роб на феудализам на секој чекор со непотизам новиот светски примитивизам
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Средината во која сум сега е типичен „БАЛ НА ВАМПИРИ“ .
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Не е фер ќерката на еден полковник на гардата да оди на годишниот бал со некоја зелка која нема ни ден гардиски стаж и чкртка текстчиња за публикации кои никој не ги чита.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во неколку реченици му раскажа на својот пријател за состанокот и неговата нова задача. - Одиш на балот на гардата Алек?
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Затоа и тебе те одбрав да дојдеш на балот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Да споменам дека свадбата беше прекрасна и елегантна, не типична македонска, туку модерен бал на летна бавча со бенд кој ги свиреше најљубовните светски евергрин хитови.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)