баксуз (м.)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Ех, ама сум баксуз, жртвата ми избега!“ воздивна Ташко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Зошто? Па затоа што, откако го прочитав Гете, кој по малку и тормозеше со оној свој баксуз Вертер, решив малку да „мењам жанр”, што и рекол брат ми, и да прочитам нешто од писанијата на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тоа августовско утро во Прага Сите ги прекоруваа своите мали кученца кои баш сега најдоа по пет пати да мочаат во тревниците послани со свежи ѕвезди а за баксуз, никаде немаше натпис: мочањето врз тревници од ѕвезди е забрането.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Треба да се чувате од убавините на овој свет. Тие носат само несреќи, баксузи и малери. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Томо како за баксуз исчезна кога најмногу ѝ беше потребен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А најчестиот збор во устата на Ружа беа зборовите курва, распуштеница и сето тоа како сигурен баксуз и несреќа во куќата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Баксуз на векот е човекот на когошто, кога ќе му падне камен од срце, ќе му го најдат во бубрегот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Баксузот таков се родил, угурсузот е негова надградба, а се станува намќор во текот на годините.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)