бадијалџија (м.)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Разни бадијалџии, редум со амали и ѓупци, и со секаков друг џган, се кикотеа одвај во неговиот врат, зашто не достасуваа да бидат високи како него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Видоа таму едночудо Цигани, сакати и безработни бадијалџии, а видоа и нас'скани деца на Турците што се потсмеваа со џганот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Понапред, во таборот на компјутерџиите немаше поделба на хакери, вебдизајнери, мирцачи, програмери, гледачи на филмови, сурфер бадијалџии, техно- музиканти...
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
И тие ќе се собереа околу нештата распрострени по најлонот послан на земја, некој ќе земеше некој спреј за муви, ќе се прснеше со него во носот, од силната миризба ќе се намрштеше и ќе речеше: „Не сум толку бадијалџија да тргнам муви по буништа да бркам!“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Двете ороспии прво мислеа мајката да се премажи, а ќерката да се омажи, ама се откажаа од тоа од страв дека во ова време повеќе имаат можност сега и на двете мажите да им бидат истерани од работа и да треба да се издржуваат не само себеси, туку и уште двајца здрави-прави бадијалџии.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)