бавен (прид.)
Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротивставуваме на другите православни Словени, како што се спротивставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да нѐ достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Прекина за час дробејќи ја цигарата во грлото на своето луле; беше бавен и со полно отсуство на духот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не знаеше што да чини кога човекот го фати детето за рака и појде кон вратата, со бавни чекори.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Има крај, се има крај, само коњот е тромав и бавен да ја довлечка колата до крај. И што кога ќе ја довлечка? Ништо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но колку да ми даваа зорт да стигнат до Битола, бавното одење и кусиот декемвриски ден тоа не го дозволија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во тремот бавен и тежок шум на шајакни влечки. Не е циганката.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само игличестиот напор во него претчувствува бавни ѕвона на бавни јата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И низ пламените... ене... со тврди, тешки и бавни чекори иде тој - Гоце...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со бавни чекори тој дојде до ниското камено ѕитче на кејот, крај споменикот, и погледна долу во реката по која играа светлини од сијалиците на мостовите и околните куќи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Отпрвин тоа се бавни кругови околу Неда, но со време тие стануваат сѐ помали, додека тој не стигне до точката која е центар на кругот, веднаш зад Неда.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Она во него, сосема ослободено од сите напнатости, го поведе во својот бавен вител, па се завиори и потона.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога се исправи и кога зачекори имаше собран, речиси смрзнат поглед, студен како оние погани, несити острици на бичкијата. Имаше бавни чкрткави движења.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најпосле со бавни, пресметани движења со по една рака, тој го сопаша својот долг појас, а потоа почна со него да се испреплеткува себеси за сите околни гранки, оставајќи се речиси спружен врз чаталите на старата бука, изврзувајќи ја својата половина, своите нозе и своите надлактици исто онака, како што може да биде врзано сѐ друго, само не своето тело.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ајде, опа, опа, опа! - велеше старецот и со бавни движења ја вртеше косата низ бујната планинска трева.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Туристите и летувалците губат многу нерви поради бавните услуги во рестораните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека го посматраш бавното движење на перките на ветерниците кои личат на авионски пропелери, веднаш помислуваш на Сервантесовиот Дон Кихот, на Санчо Панса и на Дулчинеа...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ние, стотици деца, застанавме крај оградата и, држејќи се за сребрестата жица со остри боцки, го слушавме пробивниот и писклив ту покорен, ту испрекинат, жалосен и молбен глас па Ѓорѓи и бавното суво и едностојно клопотење на тркалата и коњските копита по нерамната калдрма.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со бавен чекор Пандо тапка пред себе, чепка со патерицата во глогот што расте крај патот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
оние што споро одат, стапало пред стапало, како да го мерат патот, како да ги тера бавен механизам - бавни се во сè; во реакциите, во мислите, во рефлексите, во постапките, во зборувањето; понекогаш одат толку бавно што ти се чини дека двапати згазнуваат со иста нога: како да гмечат или набиваат нешто под нозете; рацете ги држат до телото или во џебови; не се пулат во часовник; ги сакаат оние луѓе што одат исто така бавно како нив; спрема одењето го одбираат и патот по кој ќе одат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)