бабар (м.)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Обредот беше прекрасно изведен, токму како во еден за мене познат опис на обредот: „Заумниот крик на бабарите (О,о,о!!!), пиштењето на гајдата, силна бучава на обесените ѕвонци и клопотарци и рафалниот татнеж на стаповите од вратата го најавуваат доаѓањето на поворката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем доаѓаше уште една скаредност под маска, како симбол и посакување плодност; гатачот бара од домаќинот да ја надомести штетата за смртта на бабарот со овие зборови: „Ќе дајте една кора сланина, една бела погача ќе дајте една стара пара, наша млада да ви поскокнит, да му поскокни коњот на домаќинот“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем доаѓа благословот на бабарите: „Коклу клинци на вратата, толку синци во куќата; колку желки во полето, толку ќерки во куќата!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)