аудиовизуелен (прид.)
Американскиот професор по медиска екологија Neil Postman во познатата книга Amusing Ourselves to Deth (1985) загрижено говори за сѐ почестите обиди конечно и во образованието да воведат малку „аудиовизуелен нихилизам“, постмодерност, „прилагодување во корист на адолесцентските склоности“ (Finkielkraut).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Популарната култура во нивните очи не е ништо друго, туку енормен аудиовизуелен Антихрист, што ги загрозува главните општествени вредности и стандарди.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Откако се преселив кај Нинослав, станот што го добив од службата го прилагодив во студио кое, разбрав многу подоцна, било постојано под аудиовизуелен надзор.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Богдан Русимиров беше висок професионалец во службата за прибирање, селектирање и обработка на аудиовизуелен материјал, но во слободното време работеше како приватен детектив и тоа му обезбедуваше добра заработувачка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)