атпазар м.

атпазар (м.)

Се насобра народ од двете страни и кога разбра зошто се сќорлиле овие нови „божи служители" веднаш се направија и тука два табура како на атпазар пред Наловиот ан пред две три недели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако сака да а продава ќерка и, нека a извади на атпазар: кој џамбас ќе даде повеќе, на тој нека му а даде, a јас не су џамбас со кобили да трговуам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Биновци им притекна на помош самиот нивни анџија — „Бугаринот“ Мито, со сите Јенималци од Битола; на Дима — неговиот „Грк“ Крсте Нале, со сите џамбази и Власи од атпазар и токму на местото каде што Турците го обесија Алекса Турунџа се отвори „муаребе“(Војна).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АТПАЗАР и овој петок вриеше од народ и стока. Покрај продавачите и купувачите пазариштето уште од рано утро се исполни со луѓе што немаа никаква врска ни со купување, ни со продавање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Атпазар како атпазар. Тука имаше и убави арапски коњи и мршави магариња; и убави расни бикови и волови, и мршави планински крави и телиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа тој нареди да објави телалот дека денеска во шест часот – на пладнина – ќе бидат јавно спалени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)