асистент (м.)
Кога Мајкл Болкон (Michael Bolkon), заедно со Виктор Савил (Victor Saville) и Џон Фридмен (John Friedman), основале нова, независна компанија и почнале со снимање на својот прв филм, Хичкок, и покрај сите други должности, работел и како асистент на режисерот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Вториот проблем (се разбира, поврзан со првиот) на кој обрнуваме внимание е нетранспарентноста, чијшто кулминирачки симбол е неверојатната анонимна (!!!) петиција од 460 професори и асистенти од универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Геро, штрклестиот левучар со раскрвавен палец и одрани колена на некогашната меѓумаалска полјана, а сегашниот новограден солитер, денес асистент снимател, а утре снимател, но можеби и нешто повеќе - амбициите понекогаш ги водат и способностите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А што се однесува до унапредувањето, можам да ти се пофалам дека од овој момент сум асистент снимател.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По него, ама за чекор, скоро рамно со него, одеше Геро како асистент - снимател, со камерата на рамо, небаре со прваче на кркач, а на папокот му ѕвечкаше синџирчето со клучето и ножето, како срмен пискул за џебен саат со капаче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Покрај тоа, ЗИТ (1997) го овластува инспекторот, во постапката на инспекцискиот надзор, да бара лични исправи (лична карта, пасош и слично) од лицата затекнати на работа кај работодавецот, кои се должни бараните исправи да ги дадат на увид, а по потреба инспекторот е овластен и да побара асистенција од надлежен државен орган (чл. 11, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Особено интензивно почна да се дружи со една од асистентките на Перуниќ – Тамара Вилајетовиќ, Србинка со муслиманско потекло која беше само неколку години постара од Томето.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Петре, ова е Тамара Вилајетовиќ од Белград, асистентка на Г-ѓа Перуниќ и Томаица Јовановска која е моја млада колешка од Битола и која помага тука за модното дефиле.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Исидора Перуниќ ги имаше донесено нејзините асистенти од Белград и се спремаше колекцијата за следната сезона: есен и зима 1938-39.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Томо беше многу внимателен со својата постара колешка, која беше помлад асистент на Земјоделскиот факултет.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)