архиепископија ж.

архиепископија (ж.)

Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако религиозните пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелигенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш првото нешто што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде „Архиепископија всеја Македонии“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грците ја уништија Охридската архиепископија затоа што се спомнуваше името „бугарска”, како историски reliquium, но го употребуваа името Бугарин за да го овоплотат во него својот презир кон сѐ словенско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На другиот ден, (на 318-т отци) одржав подолга реч храбрејќи ги малодушните, пробудувајќи ги заспаните духом, посветувајќи го народот во неговите црковни права, опишувајќи ја сликовито подмолната клевета врз основа на која патриархот Самоил ја укина архиепископијата Јустинијана I.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Скопската митрополија и нејзините области се припоија со Охридската архиепископија, а скопскиот митрополит, немајќи повеќе каде, живуркаше во скромната црква Свети Јован Претеча, некаде на крајот од градот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јустинијан го преселил градот овде. Ја изградил тврдинава, ја сместил тука дури и архиепископијата. Мислел, ќе биде вечен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беше тажна песна за Охридската Архиепископија, во која се раскажува една вистина за смена на македонскиот Патријарх Арсенија со грчки.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Седиштето на архиепископијата во почетокот било во Преспа, а потоа во Охрид.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ваквата ситуација Охридската архиепископија настојувала да ја искористи за враќање на своите поранешни територии бидејќи бројни епархии биле изгубени за сметка на Пеќската патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По османлиското освојување на Балканот Пеќската патријаршија била укината и приклучена кон Охридската архиепископија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во рамките на Цариградската Патријаршија постоеле и Охридската архиепископија и Пеќската патријаршија, чии верски водачи биле одговорни за православното население во тие епархии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)