ароганција (ж.)
Неговата ароганција е неизлечива, ароганција која сака да се претстави како понизност дотаму што да личи на онаа Христова саможртва.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Селото реагира спонтано, го поттикнуваат инстинктите, иако неговите на прв поглед нелогични и со ништо неоправдани реакции, нивната сомничавост и недоверба, потенцијално ја откриваат правата вистина за поривите кои ги поттикнуваат цивилизираните луѓе како Симон: добрите намери, благородноста, залагањето за општото добро и за повисоки вредности, подлежат на сомневање дека зад нив се крие суета, претенциозност, ароганција, користољубие, значи, исто така најниските, исконски пориви скриени под наслагите на научени форми на однесување и образование.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ароганција е тоа, нема што, и тоа непоправлива. Ама јас дури сега ова последново го гледам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нив ги одбиваше неговата гордост, неговиот инает, сѐ посилната ароганција, чијшто ветер в лице не го доживуваше како отпор на средината, туку како виор на својата прва слобода... Како што и почна да му зборува: таа не беше среќна тука.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)