аристократ (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Перспективата за поделба на Кина го доведува Хопсона до оваа економска оцена: „Голем дел од Западна Европа би можел тогаш да го добие изгледот и карактерот што го имаат сега деловите на овие земји: југот на Англија, Ривиерата, местата на Италија и Швајцарија кои најмногу ги посетуваат туристите и во кои живеат богатите, имено: грст богати аристократи кои добиваат дивиденди и пензии од Далечниот Исток, со малку поголема група професионални службеници и трговци и поголем број домашни слуги и работници во транспортот и во индустријата што се занимава со конечна изработка на фабрикати.
        
      
    
    
    
      „Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
         од В. И. Ленин 
        (1917)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          За еден феудален аристократ како и за еден Менхетенски критичар на уметноста           „автентично” значи „редок оригинал”: роба продавана од галериските трговци           и монополизирана од сопствениците.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 34“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Краста наеднаш ја пушта Грета и се свртува           кон Дики.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 37“
        
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
        
      
    
    
    
      „Човекот со четири часовници“
         од Александар Прокопиев 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Постојат, демократи, други времиња и обичаи
   има вистини кои не се кажуваат во дијалог
   на гозба и оргија, при муслини и мириси
   од етерични масла и прележани вина
 
   има вистини кои не се питки и питоми
   вистини сами од себе кои вреват
   вистини за преврат
   за народ, аристократи
 
   и пците веќе знаат
   и глувците осеќаат!
   __
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Низ историјата се познати уметници и аристократи.
        
      
    
    
    
      „Читај ми ги мислите“
         од Ивана Иванова Канго 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Така се разделивме јас и таа. Не ми се допаѓаат аристократките.
        
      
    
    
    
      „Црни овци“
         од Катица Ќулавкова 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зашто, ако женското е со шапка, или ако носи свилени чорапи, или ако в раце држи некакво кутре или пак има златен заб в уста, тогаш таквата аристократка и не е некакво женско, туку, да ми извините, мазно место.
        
      
    
    
    
      „Црни овци“
         од Катица Ќулавкова 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А во свое време, Господе, ми се допаѓаше една аристократка. Шеткав со неа. Ја водев на театар.
        
      
    
    
    
      „Црни овци“
         од Катица Ќулавкова 
        (2012)