арена (ж.)
Таа никако не повлијаила врз судбините на соседните народи, а била арена на политичка и културна борба меѓу разните балкански народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Стоев на прсти помеѓу две рамења, гледав само малечко крајче на арената, среќен кога шарените кловнови со големи црвени носишта ќе се појавеа на тоа место. Кловновите ги испратија со весели извици.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тие стоеја однатре на влезот, беа војници од излог со детски играчки и рамнодушно ждракаа кон арената.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Чекорам како во арена и предизвикувам восхит. Со маска на лице.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Изветреен си ти, Август, сосем изветреен. Публиката се проѕева кога ќе излезеш во арена.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Август, публиката протестира кога ќе те види во арената.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Речиси цела Софија сакаше да ги види реномираните советски артисти на циркуската арена и затоа многу тешко можеше да се дојде до билети за циркусот, во кој се појави и прочуениот дресер на мечки Владимир Тин, кој со своите миленици изведуваше речиси неверојатни точки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Викотниците не престануваа. Тоа беше „арената“ на берзијанерите. Секој надвикуваше колку што може и умее.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Одеднаш, концептот за сајберспејс се рашири и стана инспирација за вистинските хакери; тие почнаа да ги пренасочуваат своите интереси кон техничката арена.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Немам потреба за биење битки во некој си квази духовни гладијаторски арени и терање вистини преку лешеви.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Секој од нив во музеите, ископините од античките градови, арените, тврдините, требаше да ни ја дополни големата идеолошка лекција што ни беше наменета заедно со соц-реалистичките театарски претстави што требаше да ги гледаме.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Какви, бе, мравки ти се видоа како победници во арената?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Немав видено дотогаш ниту во Рим, ниту во Атина, позачувана античка арена толку живо да сведочи за изминатите времиња, освен можеби во Помпеја, каде што античкиот свет бил сочуван од вулканскиот пепел по катастрофалната вулканска ерупција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Внатре во опишаната лична Космогонија во која тие оперираат, еден сет на приватни шеги проширени во јавната арена, Жилберт&Џорџ се отпорни на секаква критика.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Вели: „Бевме кловнови. Или потсетувавме на клонови што ги повеле боси на прошетка по циркуска арена послана со трње место со триње!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Вие вистински имате присуствувано на арената во циркузот што го спомнувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како во картагинска арена од римскиот период како да беше завршена за Хабиб Бургиба една невидлива гладијаторска борба на живот и смрт во доменот на владеењето и борба за место во историјата, во која тој не се сметаше ниту за победник, ниту за губитник.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)