арен (прид.)
Јас ќе ти раскажам за нив, за нашите најарни херои кои подлегнаа сега сите под лутите рани: во борба непобедлив широкоградиот Јакуп којшто со подвижност лесна за папукот Карала беше го фатил ко кален на земја беше го треснал.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
85. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Петроград сме далеку од Бугарија, та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не е кнезот крив за тоа, да речеме, што немаат Бугарите арни дипломати.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
64. Бугарија, како покојниот српски крал Александар, се објави самата за полнолетна и зафати самостоен ред глупости што се наречуваа од неа самостојна политика: Ги разруши арните односи со Русија и го повика Стамболова тој да ја предаде Бугарија во рацете на Тројниот сојуз и Англија, и да ја направи нивно орудие против Русија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако сакаш арен живот, биди арен.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Честита ви Нова година на сите ... Арна компанија сте се собрале...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Токо, да не силиме бога, арна е, здрава до вој саат, та потамо — господ златен!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Сполај богу, ете арни сме, си седиме и се спремаме за нова работа, — одговори Бино и не се зачуди кога Доста рече „добро утро" бидејќи знаеше дека таа е шетана жена и ги знае сите редишта.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— He бидуа татко, не бидуа! — излезе Крчо отворено, — Ако беше арна Анѓа, ти не бегаше од неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А таа им рече: - Аманетот на мажа ми за среќа не бил, но белки за добро арен ќе биде.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Дозволуваше Трајче да му се качува, да игра со него, да трча по ливадите и беа како најарни другари.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
24. СО АРЕН ДРУГАР И ВО ЗЛО ВРЕМЕ - тоа ти е тоа предимство на бракот: заеднички се поднесува едно исто бреме при преселувањето од светлото во мракот...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
10. ЛОШИ АРНИ - НАШИ СМЕ СИ - такво родољубие штом се рече од црно брашно леб се меси за најбел сомун да се пече...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
15. АРЕН МУ Е ЗБОРОТ, НО ТИКВЕН МУ Е ГРОШОТ - зборот тој не го рече, а грошови ко дожд врнат, па затоа и поизмеша што е добро, а што лошо и што беше лага бела, а што е, пак, вистина црна...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
- Тие да биле арни не ќе дојделе дури ваму, му велам, заборави сѐ што било, земи изнаспи се, белки ќе ти се поттргне лошото, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мајката, си мислам, што му стана, голема фатка имаше во работата. - Ти, Мирче, нешто си непара арен, му велам еднаш. Нешто си невеласен или нешто те мачи, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не оди кај него, му велам, нека не те лаже, Не те вика тој за играње, му велам, не те води на арно место. Сам нека си игра, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Арна прва среќа”, се насмеа тој во себе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)