аргумент (м.)
Тука тие се заинтересируваа за прашањето за нивната народност, за српските филолошки и историски аргументи за нивната народност, за српскиот патриотизам и за неговото крајно изразување во вид на шовинизам или слепо претпочитање на своето пред туѓото, за причините на српскиот шовинизам, за улогата на Србија во сегашно и во идно време во македонското прашање и за многу други важни и интересни прашања.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За него е прашање – каде е вистината, зашто сите имаат свои аргументи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секој ден изнесуваше сѐ појаки аргументи: млекото, месото, јајцата, овошјето, па уште ладна вода, пиво, сладолед...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во нотата понатаму се истакнува дека Француската влада е свесна за сериозните неприлики што можат да настанат со поништувањето на одлуката на Конференцијата на амбасадорите од 6 декември 1922 година, но сепак верува дека таквото решение мора да се донесе, бидејќи се потпира на такви аргументи што не можат да се одречат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И чудно како, но и покрај тоа што со свои очи видов и гледам, сепак немам ниеден аргумент со кој овој ремнав човек би го обвинил.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Приврзаниците на првите јасно ги спротивставуваа аргументите на генералната констатација на антикозарите за штетноста на козите: козата го открила кафето, покажала дека со кастрењето на лозинките се добива повеќе грозје, козите, споредени со тежината на кравите, даваат осум до десет пати повеќе млеко од нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во овој текст, земајќи го Rychlack како симптоматичен за ова ново антикомпјутерско интелектуално движење, одговараме на тие аргументи бранејќи ја AI и теоријата на персонален конструкт од дел на недоразбирањата и нејасностите коишто таму ги пронајдовме.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Од улиците и клупските простори, па до стадионите, врвовите на Billboard-овите топ листи и екслузивните модни ревии, на кои Ралпх Лаурен-овите манекенки ги покриваат своите аргументи со широки, карирани, фланелски кошули и со вештачки изветвениот jeans, grunge е незаобиколен термин и пожелна декларација.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ова е прашањето поставено на овој „виртуелен” симпозиум, првобитно воден електронски помеѓу четворица когнитивни научници: Доналд Перлис, информатичар, се залага за тоа дека според компјутационалистичката теза, виртуелните умови се реални па според тоа Серловиот аргумент со кинеската соба потфрлува, бидејќи ако Серл меморизирал и извршил еден програм кој би можел да го помине Тјуринговиот тест на кинески тој би имал втор, виртуелен ум што разбира кинески за кој тој бил несвесен (како кај повеќекратна личност). 70 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Аргументите на овој напис одат до таму што говорат дека инфекцијата со ХИВ не мора да заврши со СИДА, но стилот на живеење кој во себе ја вклучува употребата на вакви дроги и поминување на цели викенди во играње го слабее имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бендоу го наведува неодамнешното намалување на потрошувачката на алкохолните пијалоци, за да нè убеди дека легализацијата нужно не ја зголемува потрошувачката. Меѓутоа, овој аргумент не е оддржлив поради тоа што потрошувачката на алкохол драстично порасна по легализацијата, а почна да опаѓа дури во почетокот на осумдесеттите години. Тоа што за воведување на прохибицијата веќе никој не се залага, не би смеело да се толкува како аргумент кој би одел во прилог на тезата дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на крек или метамфетамин.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Можеме да додадеме дека Ренан не прави разлика помеѓу расниот и поспецифичниот културен аргумент.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но поради тоа што остават уметникот самиот да ги објаснува своите дела и со термини од неговиот личен метафизички систем - еден брилијантен микс од автобиографски цитати, позајмици од езотеричната доктрина на Рудолф Штајнер „Антропозофија” и делови од митови, алхемија и природни науки - не беше создаден убедлив естетски аргумент за уметноста на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Од картезијанска гледна точка, знаењето во „прво лице“ на психолошките состојби е непроблематично, бидејќи кон нив ни е отворен директен и транспарентен пристап, додека знаењето за нив во „трето лице”, како и знаењето на она за што обично сметаме дека го претставуваат, е мошне проблематично, како што покажуваат скептичките аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На второ место, човек не може а да не забележи дека во литературата за овие прашања постои изненадувачко прифаќање без двоумење на философската психологија за која Витгенштајн смета дека е особено релевантна за размислувањата околу следењето на правилата и нивната поврзаност со аргументот за приватниот јазик. 66 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Лакан се бави со таа разлика во својот семинар за идентификацијата, кадешто неговиот аргумент е дека не живее само субјектот во јазикот, туку и домашните животни; само што нивниот однос кон јазикот е различен!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тоа е неговиот резервен аргумент, неговата пропусница.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)