антипод (м.)
Во моментот кога Хитлер ја прифаќа понудената мисија тој престанува да биде уметник и станува сопствен антипод.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тој е антипод на барката на која животните биле натоварени во парови за да го спасат видот од потопот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И фаталноста, антипод на сигурноста, ни е иста.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Против еднонасочниот проток на комерцијални информации, како антипод на суштината на јавниот простор како место за дебата и рационален консензус, културните попречувачи меѓу кои се Billboard Liberation Front, Guerrilla Girls и бројни други уметници, обединети околу списанието „Adbusters“, ја користат субверзивната моќ на ситуационистичкиот détournement, „повторната употреба на веќе постоечки уметнички елементи во нов спој“132.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)