анексија ж.

анексија (ж.)

Оваа дефиниција апсолутно не е за ништо, зашто таа еднострано, т.е. произволно, го изделува само и исклучиво националното прашање (иако е тоа извонредно важно како само по себе така и во својот однос спрема империјализмот) произволно и неточно сврзувајќи го само со индустрискиот капитал во земјите што анектираат други нации исто така произволно и неточно истакнувајќи ја анексијата на аграрните области.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Станувајќи против анексиите тој им придава на своите аргументи форма која е за опортунистите најмалку болна и која тие можат најлесно да ја прифатат.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Суштината е во тоа дека Кауцки ја откинува политиката на империјализмот од неговата економика, говорејќи за анексиите како за политика што финансискиот капитал ја „претпочита“ и спротивставувајќи ѝ на таа политика друга можна божем буржоаска политика врз таа иста база на финансискиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А самите настани што потоа следувале, как што се анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и Балканските војни од 1912/13 година, биле потези во таква игра во која Русија и Централните сили ја примениле политиката на одмерување сили на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)