алфабет м.

алфабет (м.)

Јас ја наоѓам во смислата на алфабетот, во нумеричките системи, равенки, обележувањето со бои...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сликањето на предметите им соодветствува на дивите народи; знаците за зборови и за реченици на варварските народи; а алфабетот на цивилизираните народи. Жан-Жак Русо, Essai sur l’origine des langues
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Основачот на манастирот св. Саб, на пример, во својот текст Мистеријата на грчките букви ги доведува во врска следните хебрејски узори: 22 букви на хебрејскиот алфабет со 22 творечки дела Господови со 22 книги на Стариот Завет со 22.000 говеда на Соломон, и Isopsephic stele со 22 доблести (retai) на Христ.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Алфабетот станува космички систем од шифри“. (Менендез Пелајо) Тука постоеле и одредени техники, на пример нам познатите палиндроми, повратниците или раковските стихови, потоа kaimat (зборовите се пишуваат еден под друг, при што секој пат се испушта по една буква), па аналогии.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
3. Алфабетското писмо по себе и за себе е најумно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пред отприлика три илјади и пет стотини години (т.е. неодамна) е направен голем исчекор: тоа е пронаоѓањето на алфабетот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пронаоѓањето на алфабетот било решавачко скршнување по патот по кој човекот станал човек.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Линеарноста на алфабетот имала повратно влијание врз мислењето и тоа, самото, станало линеарно (прогресивно) и овозможило постапување со историска свест (односно, во крајна линија, технологија).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во тој поглед, ерменското писмо делумно потсетува на готскиот алфабет, кој е ограничен со рамките на грчкиот прототип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Укинувајќи го стариот и воведувајќи го латинскиот алфабет, Ататурк на интересен начин ги поврза педагошкото и перформативното. 16 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа се „согласничките” алфабети, нпр. арамејскиот, хебрејскиот и арапскиот, во коишто обележувањето на самогласките (со помош на дијакритични знаци) е опционално.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Може да се рече дека системот за изразување на бројни вредности во архаичното грчко писмо го следел создавањето на конкретно грчкиот алфабет, но не бил истовремен со него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Има и случаи, како во индиските алфабети, каде што дијакритичните знаци се користат за самогласки, но обележувањето е обврзно, а се врши со додавање на дијакритички знаци кон согласничките букви.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така, со употребата на грчкиот алфабет како прототип за создавање на готски систем на писмото, Вулфила не ги отстранува знаците кои ги прикажуваат типично грчките фонеми, туку на соодветни места истите ги заменува со знаци со типично готска фонетска вредност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Yahweh, Yehova или JHWH четирите страшни букви на еврејскиот алфабет познатиот Третраграматон, הוהי , еден од називите за означување на Бога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)