алузија ж.

алузија (ж.)

Зашто вакви и многу поблаги јавно изречени алузии за режимот, партијата, класите, социјализмот, беа незамисливи за сите смртници во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во рамките на Дишановото сугерирање на кабалистичкиот принцип, и покрај тоа, може да се забележи и алузијата на точно одредените текстови на Атанасиус Кирхер, познат германски исусовец од XVII век, теолог, ерудит и негувател на тајните науки од кабалата па сѐ до египетските мистерии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Симболиката на Гринавеј исто така можеме да ја сметаме за развиена, не затоа што априори е „уметничка“ или затоа што „уживањето“ во неа следува по разрешувањето на нејзините загатки и алузии, туку затоа што произлегува од една постоечка културна традиција којашто авторот добро ја познава и затоа што органски е инкорпорирана во самата структура на неговите филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, најголемиот дел на алузиите се однесува на „la bite“, што претставува француски збор во жаргонот за пенис: ... „а јас, јас имав свој пенис во спиралата“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Италијанскиот теоретичар Перегрини во својот Трактат за реторичките фигури засновани на мислење и на смисла (Trattato delle acutezze, 1639.) набројува седум: неверојатно, двосмислено, противречно, темна метафора, алузија, остроумност, софизам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Следуваат алузии на неколку наизглед „природни” карактеристики на секојдневни искуства, стекнати во тек на раното детство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сама по себе, таа претставува една голема интелектуална фуга, во која се преплетува еден куп идеи и форми, и која изобилува со двосмислени елементи и суптилни алузии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од овие два карактери и малкумина други, Вудринг креира серија приказни моќни како бајки: Понекогаш тие се чисти алегории, понекогаш содржат суптилни алузии, а најчесто едноставно следат некоја своја сопствена логика.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И „криптограмите“ исто така лесно можат да бидат алузија на Тот, кој не само што го „измисли“ графичкото претставување туку и, како што видовме, самите криптограми. Тоа е очигледно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Трагајќи по своите, по целото семејство, пресечено на повеќе делови од границата, сакатено од диктатурата, во ова мое тажно враќање, не престануваат да ме влечат по музеите на нивните илузии и алузии, по соц-реалистички претстави со гротескни пораки, до последното умртвување на душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дури и по својот конституционен принцип (ребрата, што, прицврстени со нашиот ‘рбет, оформуваат повеќе од алузија на затвор со цврсти, поврзани решетки!), телото е непосредна асоцијација на кафезот, затворот, ќелијата. Стапица за птици!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имаше закани, алузии, провидна иронија. Стапицата се стеснуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој ја разбра алузијата: - Сите тие албански преродбеници, писатели, кои попаднале под декадентните западни шеми на образованието, во нашата земја каде што владее доктрината на социјалистичкиот реализам мораат да бидат подведени на строга ревизија, посебно во однос на нивните ставови кон религијата!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секоја распознатлива алузија на него е смртно опасна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„На местото на кое никогаш нема темнина“, рече тој, како да ја препознал алузијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше место без темнина: сега сфати зошто О'Брајан изгледаше како да ја препозна алузијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Аналогијата, но и алузијата, кои произлегуваа од Игоровото кажување, беа јасни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка молчеше, не можеше убаво да ја дофати алузијата: дали Татко беше предизвикан на ваков чекор од откривањето на заборавените Мајкини знамиња, или имаше некоја подлабока причина којашто тој сѐ уште ја криеше од неа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И за неговите патувања, повремено и оддалеку, ми беа правени слични алузии...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе