алиби ср.

алиби (ср.)

Дали повикување на човековите права и слободното општество значат вистинска грижа за овие важни прашања или само алиби за добро обмислена манипулација?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова предусловува погрешна реализација, погрешна де- реализација и алиби пред самиот себе (рационализација).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Интелектуалната елита, на своите кридвишки вечеринки, ослободена од секоја интелектуална загриженост, користејќи го алибито на рушење на еден авторитарен режим, долго ја приготвуваше својата конзервативна, уште поавторитарна револуција, и на новата уривачка („антибирократска”) сила не само што не ѝ постави цивилизациска форма ultima ratio туку ширум ја отвори вратата за понатамошна варваризација на општеството под владеење на unico ratio, единствениот разум. Маргина 36 31
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Помисли, исто така, да побрза до Општинскиот центар и да остане таму до затворањето и така да си обезбеди барем делумно алиби за таа вечер. Но и тоа беше невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го прогонивме Јан од тој свет, но остана мачното чувство дека ни недостига, оти со него бевме блиски; бракот меѓу Земанек и мене дојде како еден вид алиби дека тој свет е сепак реален: дека во тој свет на партиските состаноци, на маскирањата и лагите, на подметнувањата и притисоците, сепак имало и нешто човечко: љубов, здрава, нормална, телесна, духовна, дека од таа љубов ете, се раѓаат и деца.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега ми требаш како алиби. Како лична карта на мојот хуманизам и ренесанса.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Плус, му даваат алиби пред големите сили дека тој само ја спроведува волјата на народот и дека во земјата е дозволено и мислење поинакво од неговото.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)