албум (м.)
Тогаш по улицата доаѓа голем двокатен автобус, црвен како во црвениот албум во татковата работна соба.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тој го виде наконтениот овоземен светец како да стои над страницата на албум од една непозната иднина во која сите што ги познава се поинакви, туѓи и одбивни. Не сфати јасно; сонцето повремено му удираше в очи од напукнатото огледалце.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Таму, во Париз, понекогаш го вртам албумот со фотографиите од детство: тие куќички, дворови, сокаци, врамени едни крај други ме потсеќаат само на прочитаните описи на еснафските квартови во определен тип романи за кои чувствувам извесна приврзаност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Покрај оделото и темната вратоврска, старчето има добродушен лик на престарен вујко и сосема семејно ми ги подава кадифените албуми, што и самите би се чинеле домашни, да не се позлатените букви и везот по рабовите, со кои добиваат нешто неприродно, наместено.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Соња во рацете држеше албум - животинско царство.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Беше како стара избледена фотографија на албум од кој е избришан правот, и дури и да проговореше воопшто, гласот би ѝ бил како на дух.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Откако ја стави сликата на Аниса во албумот, таа започна да му доаѓа во сонот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Седи Богдан со отворениот албум пред себе во градината, ги крева очите и гледа: се стемнува, а пладне уште не е поминато; времето се стишало, не мрда ни лист по дрвјата, не се движи ни птица, ни инсект; чудна некоја тишина, чудно исчекување како пред породување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Понекогаш му се чини како сите денови од понеделник до недела да се слеани во еден: станување, миење, пиење кафе, појадување, одење во градината, подработување во неа или седнување под борот и втонување во албумот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Агна ја нашла малата фотографија во еден од старите албуми и решила, за да ме израдува, од неа да порача да се ископира голем формат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Среде албумот, притиснат меѓу две страници, имаше некогашен разнобоен цвет, обезличен од времето кој сведочеше за среќните мигови во нивната љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И сега, по многу, многу години го прелистуваше големиот албум на својата љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пребарувајќи така по своите сеќавања, не можеше да го најде оној момент кога сфатил дека неговиот живот, тој албум од зачувани сликички во неговата глава, засекогаш се заплеткал со судбината на оваа земја.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На чардакот, крај отворените книги, старите судски кадиски записи, сиџилите на кои им жртвува голем дел од животот, потоа книгите за балканските империи, од чии содржини црпеше докази за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите, Татко сега, со Мајка, како да го прелистуваше, за прв пат, пожолтениот албум на времето на нивното задоцнето брачно, љубовно патување во Италија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа е набрзина содржината од Мани ме се Лепа Насто од џолевиот албум 003.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Сама ги одбра предметите-нешта
во коишто ќе престојува:
моливот и глината
писмата и терасата
што ја нема
египетската мачка и
хербариумот
албумите и огледалата
глобусот и зборот
животинскиот ојас
и млечта, пчелите
трпезите за народ
и за љубов...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Два кревета беа наместени во аглите, до другиот ѕид касела, на среде тркалезно масиче, на кое стоеше албум со слики.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум. Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)