адитив (м.)
- Со овој адитив се постигнува позабрзано бетонирање, - стручно му објасни Геро.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тропикана – сок (најчесто) од цедени помаранџи. Толку е густ да не се пие – се џвака. Органик – храна без пестициди, адитиви и вештачки ѓубрива. Мислам дека е превара.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Сѐ е со рок на траење и покрај адитивите што вештачки се додаваат, без вкус и мирис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Можеби баш такви, прецизни треба да бидат и нашите молитви, за да бидат услишани: „И дај ни го лебот наш насушен, ама немој со адитиви“.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)