автопортрет (м.)
Така почнав да работам автопортрети.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Еве, сега ќе цртам за приемниот испит, прво ќе го насликам портретот на баба ми, па твојот портрет и на крајот ќе си направам автопортрет.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Вашиот „Автопортрет“ ги фасцинира и познавачите и лаиците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Штом заврши изложбата, ве уверувам, пријателе драг, оти ќе ви го испратиме вашиот „Автопортрет“, чудесното дело што сте го заборавиле во Истанбул заклучено на дното на Огледалото, се разбира ако Вие го сакате тоа“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)