автист (м.)
Идентитарно, ипсоманијачко, шизофреничко лудило. Нашите чудовишта се сите автисти- манијаци.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Денес пак станува повеќе збор за чудовишните варијанти на идентитетот, оној на изофренот, без сенка, без трансцеденталност, без друго, без слика, идентитетот на автистот, кој како да си го раскинал двојникот и си го голтнал братот близнак (напротив, „близнакувањето“ е некој вид на автизам за двајца).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се појавуваат Љубовни парови од сите „нормални“ видови, па потоа хомоеротските парови од женски и машки тип; нарцистичките „автисти“, хермафродити, первертити... цела една галерија на сексуално однесување каде што залудно ќе ја бараме Љубовта ако таа не е „ласцивна“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)