авангарда ж.

авангарда (ж.)

И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Било да се поврзани генерално со авангардата или со нејзините манифестации какви што се надреализмот и експресионизмот, односите помеѓу танцот, индивидуалитетот и новите изразни форми (на ниво на текст или цртеж) се мошне видливи во романот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Борбата на Дишан за идеите „против“ уметноста го забрза појавувањето на Дада, го поттикна надреализмот и ѝ го покажа патот на авангардата во 70-тите години, од објективната уметност до поп-артот (Енди Ворхол: „Сѐ е убаво“), од минималистичката уметност до концептуалната. 10 год. по првиот Ready-made, Марсел Дишан повторно потпишува едно дело со карактер на манифест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На студентите по руска книжевност им ја предавав на руски јазик книжевноста на руската авангарда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Експерименталната музика не беше ниту школа - во онаа смисла во која тоа беше европската авангарда во Дармштад - таа претставуваше единствена духовна атмосфера, креативна ситуација погодна за заедничка работа John Cage на различни творечки индивидуалности во која никој не беше предводник или идеен водач, иако Кејџ (најстар помеѓу нив) од самиот почеток се истакнуваше со ширината на погледот и разнообразноста на аспектите присутни во неговата работа и мислење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Самата девалвација на зборот „говор“, она што ја издава малодушноста на речникот, искушението на ефтиното заведување, пасивното препуштање на модата, свеста за авангардата, т.е. незнаењето, сето тоа претставува сведоштво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во филмовите на американската авангарда имаме наметливо отфрлање и разбивање на сите закони врзани за комерцијалниот филм, не само во однос на естетиката, туку и во однос на чистата техника.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Исходот е забележителен: голем квалитет на извршување, вистинско руско уметничко дело кое го поставува прашањето на некаков нов естетизам наспроти изјавите на авангардистите од 70-тите и 80-тите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Невообичаениот приод кон детската уметност и останатите наивни уметнички дела, го збогати оригиналниот придонес на руските уметници кон интернационалната авангарда.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Модерната коинцидираше со пронаоѓањето на смеата, која што и ден денес се наметнува како највозвишена форма на една навистина среќна и превратничка уметност, изложена на моралните проповеди како на новите конзервативци, така и на догмите на авангардата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Типично, локалните политичари и бирократи ги притискаат да прикажуваат „лесно разбирливи слики”, попрво фигуративни творби во јапонски стил одошто непопуларна авангарда или Pop art.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Жали што ќе се загуби и духовно ќе осиромаши „во прериите на бизнисот”, губејќи ги своите шанси заслужено да заземе трајно место во тековите на европската духовна авангарда каде што имаше што да каже, можеби како Балканците Емил Сјоран, Јонеско и други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Остана засекогаш означен од европската авангарда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гамбони ја анализира „метафоричната иконокластика“ на авангардата, но никогаш не сугерира дека постои директен каузалитет помеѓу деструктивната реторика и постоечките случаи на вандализам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најкорисните написи за читателите заинтересирани за современата уметност се написите за деструктивната реторика на авангардата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И рече дека дури и западните, капиталистички форми на уметност, кои вештачки се накалемуваат на нашето дрво на народната уметност, на нашата македонска черешна, се само обичен кич, како што се шлагерите, авангардата, постмодерната или џезот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа уметност, која одбива да се декларира како народна, е подложена на жестоки напади: се вели дека таа уметност (меѓу која и џезот, авангардата, постмодерната) е „културолошко труење со предумисла“, дека е „доволно смешна за да биде дел од паузата на народните приредби“ (повторно мислев на Луција), па се прогласува таа за производ на болшевизмот, односно комунизмот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Работничка авангарда: Ептен свесен пролетер кој дома има библиотека со наслови од типот - Краток курс на СКП (болшевици) и како се калеше челикот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Младината е како растението, тука има климатски услови за опстанок, на таква младина која ќе биде авангарда, ќе ја поведе целата нација кон развој!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој се сети и на другите балкански идеалисти кои црпеле од бескрајот на париските цивилизациски, уметнички, стилски, културни и други цивилизациски вредности на хуманизмот, ренесансата, класицизмот, рационализмот, реализмот, импресионизмот, авангардата (со кубизмот, надреализмот...) и се враќале во малечката родна земја надоени со уште поголеми дози на идеализам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)