ава (ж.)
Петра исто така тој ден го виде Дине, ама не му се приближи, не му проговори, како да чувствуваше дека под кожата му се тркалаат костенови ижувини, нејзе ѝ беше мило што е надвор, што ја прикрпува бараката, што може да го удри чиста ава, што околу него се трчкаат неговите и дечињата на Тронда.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Однапред се радуваше на смешките, на соспите лушпи од јајца, на слатките ѓаконии за почестување, а најмногу на лицето на Тодора кое наеднаш ќе блесне од лутина ли, од радост ли - та Велигден беше, божји празник, авата се менуваше, не пак луѓето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Одушевена сум од рајчанината ава, кога наутро тивко ќе изгрее големото сонце проследено со кукурикањето, блеењето на овците, рикот на кравите...па ги открива раздвижените селани, ранобудници.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)