затвор

мн. затвори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 949
1. Место, зграда каде што се затвораат осудени лица заради издржување казна.
Англиски: prison Албански: burg
Употреба: Правда
Примери:
воен затвор
истражен затвор
градски затвор
За ова се оди во затвор.
2. (само едн.) Казна со која се одзема слободата за определено време.
Англиски: imprisonment Албански: burgim
Употреба: Правда
Примери:
Тој е осуден на три години затвор.
3. запек
Англиски: constipation Албански: kapsllëk
Употреба: Медицина
4. Предмет со кој се затвора нешто, катанец, клуч.
Латински: dry Англиски: lock
Употреба: Дијалектен збор