мачка

мн. мачки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1307
1. Домашно животно што лови глувци.
Латински: Felis domestica Англиски: cat Српски: мачка Албански: mace Бугарски: котка Грчки: γάτα
Употреба: Зоологија
Примери:
сијамска мачка
црна мачка и бел мачор
2. Општо име за семејcтвo диви ѕверови.
Латински: Felidae Англиски: cat
Употреба: Зоологија
Примери:
Сибирскиот тигар е најголемата мачка.
3. вид морско куче
Латински: Scyllium canicula Англиски: dogfish
Употреба: Зоологија
4. Специјални додатоци што се носат врз обувките за движење по снег.
Англиски: snow-shoe
5. Железо за закотвување на чун, кајче, брод.
Англиски: anchor
6. убава девојка
Англиски: girl
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Изрази
Купува мачка во вреќа - купува без да види, без да знае какво е.
Се врти како мачка околу вруќа каша - посакува нешто што му е недостапно.
Нејќе мачка риба - се преправа.
Се сакаат како мачка и куче - се мразат.
Изведенки
1. маца ж.
мн. маци
дем. и хип.
2. мачкиште ср.
мн. мачкишта
аугм. и пејор.