култура

мн. култури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 401
1. Севкупност на духовни и материјални вредности на човештвото.
Латински: Culture Англиски: culture Албански: kulturë
Употреба: Општество
Примери:
духовна култура
материјална култура
2. Степен и специфичности на развојот во духовната и материјалната сфера во определена епоха или на еден народ.
Англиски: culture Албански: kulturë
Употреба: Историја
Примери:
древни култури
средновековна култура
византиска култура
османлиска култура
национална култура
3. Ниво, ширина во развојот на една заедница и на поединецот во определена област од животот.
Англиски: culture Албански: kulturë
Примери:
општа култура
сообраќајна култура
музичка култура
јазична култура
култура на однесување
култура на исхрана
4. Растение што се одгледува.
Англиски: cultivation Албански: kultivim
Употреба: Земјоделство
Примери:
житни култури
маслодајна култура
5. Лабораториски одгледани микроорганизми.
Англиски: culture Албански: koloni
Употреба: Биологија