Политика - категорија

царизам повеќе

царизмот
Вид збор: Именка, машки род
Форма на државно управување при кое сета власт му припаѓа на царот; царски апсолутизам.

центар повеќе

мн. центри
Вид збор: Именка, машки род
Во демократските партии и парламенти - група што се наоѓа меѓу десната и левата страна.
Англиски: center

централизам повеќе

централизмот
Вид збор: Именка, машки род
Систем на управување или организиција при кој месните органи им се потчинети на централните и се раководат од нив.
Англиски: centralism

централизација повеќе

централизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Сосредоточување на голем дел од државните функции во централните установи.
Англиски: centralisation Албански: centralizim

централизира повеќе

централизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Сосредоточи, сосредоточува во еден центар; обедини, обединува во едно место или во едни раце.
Англиски: centralize

централист повеќе

мн. централисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на централизмот.

центризам повеќе

(едн.) центризмот
Вид збор: Именка, машки род
умерено политичко движење
Англиски: centrism

центрумаш повеќе

мн.центрумаши
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на центар.

цивил повеќе

мн. цивили
Вид збор: Именка, машки род
Граѓанска состојба, спротивно на војничка.
Англиски: civilian Албански: civil

ционизам повеќе

(едн.) ционизмот
Вид збор: Именка, машки род
Национално движење на Евреите за воспоставување на еврејска држава во Палестина.
Англиски: Zionism

ционист повеќе

мн. ционисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на ционизмот.
Англиски: Zionist

ционистички повеќе

ционистичките
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ционизам и на ционист.
Англиски: zionist

ЦК повеќе

Вид збор: Скратеница
Централен комитет

црвен повеќе

црвени
Вид збор: Придавка
Што се раководи од идеите на комунизмот.
Англиски: communist

црвен повеќе

Види и: црвен (прид.)
мн. црвени
Вид збор: Именка, машки род
Крајно лев по политичките убедувања, комунист.
Англиски: red
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш