Политика - категорија

геостратегија повеќе

мн. геостратегии
Вид збор: Именка, женски род
Стратегија за контрола или влијание врз географски подрачја.
Англиски: geostrategy

геостратешки повеќе

геостратешкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на геополитиката и стратегијата.
Англиски: geostrategic

глас повеќе

мн. гласови
Вид збор: Именка, машки род
Право на изјаснување за определени политички, државни или административни прашања, усно, со кревање рака или писмено.
Англиски: vote Албански: votim

гласа повеќе

гласаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се изјаснува за определено политичко,државно или административно прашање со кревање рака или по писмен пат.
Англиски: vote

гласач повеќе

мн. гласачи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што гласа; што има право на глас.
Англиски: voter

градоначалник повеќе

мн. градоначалници
Вид збор: Именка, машки род
Претседател на град, општина.
Англиски: mayor Албански: prefekt

граѓански повеќе

Види и: граѓанин (м.)
граѓанскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на граѓанин.
Англиски: civil

грб повеќе

мн. грбови
Вид збор: Именка, машки род
Знак, симбол на држава, град, благородничко семејство и сл.
Англиски: coat of arms Албански: stemë

групаштво повеќе

мн. групаштва
Вид збор: Именка, среден род
фракција, фракционерство
Англиски: faction
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш