Политика - категорија

теократија повеќе

(едн.) теократијата
Вид збор: Именка, женски род
Форма на власт, на управување при која политичката власт му припаѓа непосредно на духовништвото.
Англиски: theocracy

теократски повеќе

теократска
Вид збор: Придавка
Што е од теократија.
Англиски: theocratic
Примери:
Теократска организација на државата.

теренец повеќе

мн. теренци
Вид збор: Именка, машки род
Политички или друг некаков работник на терен, надвор од установата каде што е на работа, теренски работник или активист.
Англиски: fieldworker

терор повеќе

(едн.) теророт
Вид збор: Именка, машки род
Политика на пресметување со политичките противници со насилба, се до физичко истребување.
Англиски: terror Албански: terror
За индивидуални акти на политички убиства.
Англиски: terror Албански: terror

тероризам повеќе

тероризмот
Вид збор: Именка, машки род
Вршење терор, политика и тактика на терор, тиранија.
Англиски: terrorism Албански: terrorizëm

терорист повеќе

мн. терористи
Вид збор: Именка, машки род
Оној што врши терор; приврзаник на тероризмот.
Англиски: terrorist Албански: terrorist

терористички повеќе

терористичкиот
Вид збор: Придавка
Својствен на терор и тероризам.
Англиски: terrorist

терористка повеќе

мн. терористки
Вид збор: Именка, женски род
жена терорист
Англиски: terrorist

теснопартиски повеќе

теснопартискиот
Вид збор: Придавка
Што е ограничено на една партија.

тиран повеќе

мн. тирани
Вид збор: Именка, машки род
Владетел кој владее самоволно и насилнички.
Англиски: tyrant Албански: tiran, despot

тиранија повеќе

(едн.) тиранијата
Вид збор: Именка, женски род
Жестока деспотска власт, власт на тиран.
Англиски: tyranny Албански: tirani

тиранка повеќе

Види и: тиран (м.)
Вид збор: Именка, женски род
Жена тиран.
Англиски: tyrant

тирански повеќе

тиранска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тиран и тиранија.
Англиски: tyrannical

тоталитарен повеќе

тоталитарна
Вид збор: Придавка
Што ги прифатил методите на отворена терористичка диктатура, на фашизмот.
Англиски: totalitarian
Примери:
Тоталитарен режим.

тоталитаризам повеќе

тоталитаризмот
Вид збор: Именка, машки род
тоталитарен режим
Англиски: totalitarism

тоталитаристички повеќе

Види и: тоталитаризам (м.)
тоталитаристичкиот
Вид збор: Придавка
од тоталитаризам
Англиски: totalitaristic

транзициски повеќе

Види и: транзиција (ж.)
транзицискиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со транзиција.
Англиски: transitional
Примери:
транзициски период

трибун повеќе

мн. трибуни
Вид збор: Именка, машки род
Водач на народот, општествен деец кој, со говори и статии, ги штити интересите на народот.
Англиски: leader Албански: lider, udhëheqës

тридомен повеќе

тридомни
Вид збор: Придавка
Што се состои од три дома.
Примери:
Жестокоста и квалитетот на расправите во тридомниот еднопартиски парламент.
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш