Математика - категорија

пар повеќе

мн. парови
Вид збор: Именка, машки род
Пар или непар
Англиски: even Албански: baraz

парабола повеќе

мн. параболи
Вид збор: Именка, женски род
Вид крива линија добиена со сечење на обвивката и основата на конус со рамнина.
Англиски: parabola Албански: parabolë

параболоид повеќе

мн. параболоиди
Вид збор: Именка, машки род
Крива површина без центар.
Англиски: paraboloid

паралела повеќе

мн. паралели
Вид збор: Именка, женски род
паралелна линија
Англиски: parallel Албански: paralele

паралелен повеќе

паралелна
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа насекаде на еднакво растојание од друга линија.
Англиски: parallel Албански: paralel

паралелизам повеќе

паралелизмот
Вид збор: Именка, машки род
Еднакво растојание на линии и површини.
Англиски: parallelism Албански: paralelizëm

паралелограм повеќе

мн. паралелограми
Вид збор: Именка, машки род
Четириаголник чиишто спротивни страни се еднакви и паралелни.
Англиски: parallelogram

паралелопипед повеќе

мн. паралелопипеди
Вид збор: Именка, машки род
Геометриско тело ограничено со шест паралелограми од кои спротивните се еднакви.
Англиски: cuboid

парен повеќе

парна
Вид збор: Придавка
пар
Англиски: even Албански: çift

педесет повеќе

педесетте
Вид збор: Број
Број и количество 50.
Англиски: fifty

пентагон повеќе

мн. пентагони
Вид збор: Именка, машки род
Геометриска слика со пет страни и пет агли.
Англиски: pentagon

периметар повеќе

мн. периметри
Вид збор: Именка, машки род
Збир на должината на страната на геометриска фигура.
Англиски: circumference Албански: perimetër

период повеќе

мн. периоди
Вид збор: Именка, машки род
Група броеви што се повторуваат, во периодички дропки.
Албански: periodë

периферија повеќе

мн. периферии
Вид збор: Именка, женски род
Затворена крива линија што омеѓува дел од површина.
Англиски: periphery Албански: perifer
Примери:
Периферијата на кругот.

пермутација повеќе

мн. пермутации
Вид збор: Именка, женски род
Промена на редоследот на зборови или бројки по некакво правило.
Англиски: permutation

перпендикулар повеќе

мн. перпендикулари
Вид збор: Именка, машки род
Во геометријата - права линија што со друга права линија или површина образува прав агол, нормала, ортогонала.
Англиски: perpendicular

перпендикуларен повеќе

перпендикуларниот
Вид збор: Придавка
ортогонален
Англиски: perpendicular

перпендикуларно повеќе

Вид збор: Прилог
вертикално, ортогонално
Англиски: perpendicular

перпендикуларност повеќе

перпендикуларноста
Вид збор: Именка, женски род
вертикалност, ортогоналност
Англиски: perpendicularity

перспектива повеќе

мн. перспективи
Вид збор: Именка, женски род
Дел од нацртната геометрија којшто ги проучува правилата за прикажување на телата со помошта на нивното централно проицирање на површина.
Англиски: perspective Албански: perspektivë

перцентил повеќе

мн. перцентили
Вид збор: Именка, машки род
Статистичка мерка што покажува за колку проценти една вредност отстапува од групниот просек.
Англиски: percentile

петаголен повеќе

петаголниот
Вид збор: Придавка
Што е со пет агли.
Англиски: pentagonal

петаголник повеќе

мн. петаголници
Вид збор: Именка, машки род
Геометриска слика со пет страни и пет агли.
Англиски: pentagon

петнаесет повеќе

Вид збор: Број
Број и количество 15.
Англиски: fifteen

петоаголник повеќе

Види и: петаголник (м.)
мн. петоаголници
Вид збор: Именка, машки род
Во геометријата - слика со пет агли.
Англиски: pentagon

петстотини повеќе

Вид збор: Број
Број и количество 500.
Англиски: five hundred

пирамида повеќе

мн. пирамиди
Вид збор: Именка, женски род
Геометриско тело чијашто основа е многуаголник, а другите страни се триаголници со заеднички врв.
Англиски: pyramid Албански: piramidë

планиметрија повеќе

(едн.) планиметријата
Вид збор: Именка, женски род
Дел од геометријата во кој се изучуваат геометриските фигури положени во рамнина.
Англиски: planimetry

плоштина повеќе

мн. плоштини
Вид збор: Именка, женски род
Дел од рамнина ограничен со страните на геометриската фигура.
Англиски: plane

плус повеќе

мн. плусови
Вид збор: Именка, машки род
Име на знакот за собирање „+“ или на знакот за позитивна величина.
Англиски: plus Албански: plus
(со прилошка нијанса) дополнително
Англиски: additionally Албански: shtesë

површина повеќе

мн. површини
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна граница на геометриско тело.
Англиски: surface Албански: sipërfaqe

подели повеќе

поделат
Вид збор: Глагол, свршен
Врши операција на делење.
Англиски: divide Албански: pjestoj

подигне повеќе

подигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене определен број на квадрат, куб, четврти степен и сл.
Англиски: raise Албански: ngre

позитивен повеќе

позитивни
Вид збор: Придавка
За број - што има вредност поголема од нула.
Англиски: positive Албански: pozitiv

познат повеќе

познати
Вид збор: Придавка
(како им.) Познат параметар, позната величина.
Англиски: unknown Албански: i njohur

поле повеќе

мн. полиња
Вид збор: Именка, среден род
Дел од табела со графички, статистички прикажани пресметувања или издвоен дел од пишан текст.
Англиски: field Албански: fushë

полигон повеќе

мн. полигони
Вид збор: Именка, машки род
Геометриска фигура што има три или повеќе страни и толку агли.
Англиски: polygon Албански: poligon

полиграм повеќе

мн. полиграми
Вид збор: Именка, машки род
Фигура во просторот ограничена со замислени линии.

полиедар повеќе

мн. полиедри
Вид збор: Именка, машки род
Геометриско тело ограничено со многу страни, многустрано тело.
Англиски: polyhedron

полином повеќе

мн. полиноми
Вид збор: Именка, машки род
Збир од три и повеќе мономи, повеќечлен алгебарски израз.
Англиски: polynomial

половина повеќе

мн. половини
Вид збор: Именка, женски род
Дел од количество, множество, од определен поим што се добива со делење со два.
Англиски: half Албански: gjysmë

полукруг повеќе

мн. полукругови
Вид збор: Именка, машки род
Во геометријата - половина круг; круг пресечен по дијаметарот.
Англиски: semicircle Албански: gjysëmrreth

полупречник повеќе

мн. полупречници
Вид збор: Именка, машки род
Во геометријата, половина од пречник.
Англиски: radius

полутопка повеќе

мн. полутопки
Вид збор: Именка, женски род
Половина од геометриско тело топка.
Англиски: hemisphere Албански: hemisferë

помножи повеќе

помножат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши множење со броеви.
Англиски: multiply

права повеќе

мн. прави
Вид збор: Именка, женски род
рамна, права линија
Англиски: straight line Албански: drejtëz

правилен повеќе

правилни
Вид збор: Придавка
Што има еднакви страни и агли.
Англиски: equal Албански: i drejtë

правоаголник повеќе

мн. правоаголници
Вид збор: Именка, машки род
Четириаголник со прави агли и со по две спротивни еднакви страни.
Англиски: rectangle

правопропорционален повеќе

правопропорционални
Вид збор: Придавка
Кај математичка функција каде што зголемувањето на вредноста на едната, директно ја зголемува вредноста на другата функција.
Англиски: directly proportional

предикат повеќе

мн. предикати
Вид збор: Именка, машки род
Во логиката - тоа што се кажува за предметот во логичкиот суд.
Англиски: predicate Албански: predikat, kallzues

премиса повеќе

мн. премиси
Вид збор: Именка, женски род
Суд од кој се изведува заклучок.
Англиски: premise Албански: premisë, preambul

пресек повеќе

мн. пресеци
Вид збор: Именка, машки род
Елементи што се јавуваат во две или повеќе множества.
Англиски: intersection Албански: prerje, seksion

пресметлив повеќе

пресметливиот
Вид збор: Придавка
Што може да се пресмета, да се калкулира.
Англиски: calculable

пречник повеќе

мн. пречници
Вид збор: Именка, машки род
Права линија, правец што спојува две точки на кружната линија минувајќи низ центарот на кругот
Англиски: diameter Албански: diametër

призма повеќе

мн. призми
Вид збор: Именка, женски род
Геометриско тело ограничено со два еднакви многуаголника што лежат во две паралелни рамнини и онолку паралелограми колку што страни имаат многуаголниците.
Англиски: prism Албански: prizëm

прогресија повеќе

мн. прогресии
Вид збор: Именка, женски род
Низа од броеви или величини кои постепено се зголемуват или се намалуваат според определени правила.
Англиски: progression

проекција повеќе

мн. проекции
Вид збор: Именка, женски род
Слика на некое тело пренесено на рамна површина.
Англиски: projection Албански: projeksion

производ повеќе

мн. производи
Вид збор: Именка, машки род
Резултат добиен со операцијата множење.
Англиски: product Албански: prodhim

пропозиција повеќе

мн. пропозиции
Вид збор: Именка, женски род
претпоставка, премиса
Англиски: proposition Албански: parashikim

процент повеќе

мн. проценти
Вид збор: Именка, машки род
Стоти дел од некоја количина или број што се зема како едниница.
Англиски: percent Албански: përqindje

прстеновиден повеќе

Види и: прстенест (прид.)
прстеновидниот
Вид збор: Придавка
прстенест
Англиски: annular
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш