Граматика - категорија

зависносложен повеќе

зависносложениот
Вид збор: Придавка
Што е сложен и меѓусебно зависен.

завршок повеќе

мн. завршоци
Вид збор: Именка, машки род
Краен дел од зборот.
Англиски: ending Албански: mbaresë

заграда повеќе

мн. загради
Вид збор: Именка, женски род
Интерпункциски знак со кој во текстот се одделува она што е споредно или вметнато.
Англиски: parenthesis Албански: kllapa

залог повеќе

мн. залози
Вид збор: Именка, машки род
Глаголска категорија, својство на глаголските форми да го покажуваат односот на лицето кон глаголското дејство.
Албански: kategori verbale

заменка повеќе

мн. заменки
Вид збор: Именка, женски род
Bид збор што упатува, што посочува нешто; со именска или придавска функција.
Англиски: pronoun Албански: përemër

запирка повеќе

мн. запирки
Вид збор: Именка, женски род
Знак на интерпункцијата; знак за одделување на децимален број.
Англиски: comma

заповеден повеќе

заповедни
Вид збор: Придавка
За изразување на заповед.
Англиски: imperative
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш