Граматика - категорија

еднина повеќе

(едн.) еднината
Вид збор: Именка, женски род
Граматичка форма на зборот за означување единичност наспрема множество.
Англиски: singular

еднопоимски повеќе

еднопоимскиот
Вид збор: Придавка
Што претставува еден поим.

едносложен повеќе

едносложниот
Вид збор: Придавка
Што има само еден слог.
Англиски: monosyllabic

елипса повеќе

мн. елипси
Вид збор: Именка, женски род
Испуштање на еден или повеќе зборови од реченицата што се подразбира недвосмислено.
Англиски: ellipse Албански: elipse

епистрофа повеќе

мн. епистрофи
Вид збор: Именка, женски род
Повторување на истите зборови на крајот на изразот или на реченицата.
Англиски: epistrophe
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш