Барај
Прелистувај
Граматика Придавка (19) Глагол (88) Именка (34) Прилог (4) Вкупно: 145
Јазици tr (4) sr (2) al (61) bg (1)
Категории Преносно значење (17) Разговорно (13) Медицина (10) Дијалектен збор (10) Архаизам (2) Анатомија (2) Безлично (2) Екологија (2) Технологија (2) Гастрономија (2) Црковен термин (1) Воен термин (1) Зоологија (1) Историја (1) Геологија (1) Економија (1)

заб

мн. заби
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 614
1. Забите се цврсти органи, сместени во забни јамички (алвеоли) на горната и долната вилица од устата на човекот или животното.
Латински: dentes Англиски: tooth Српски: зуб Албански: dhëmb Бугарски: зъб
Употреба: Анатомија
Примери:
горни (долни) заби
предни заби
Имаше убави бели заби.
Ги стисна забите.
2. забец
Англиски: tooth Албански: dhëmb
Употреба: Технологија
3. Издаден дел од нешто во облик на заб.
Англиски: pinnacle Албански: majë, kulm
Примери:
Помеѓу два заба на кулата виде како се наведна една висока силуета.
4. Нешто што нагризува, разјадува, уништува.
Англиски: tooth Албански: dhëmb
Употреба: Преносно значење
Примери:
Беше поштеден од разјадувачкиот заб на соленото море.
Одамна веќе забот на зората ладно ја загриза темнината.
Изрази
Кучешки (песји) заб - заб меѓу предните заби и катниците.
Детето вади заби - на детето му никнуваат првите заби.
Вооружен до заби - премногу вооружен.
(Го) има (зеде) на заб - прогонува некого, му прави незгоди, пакост.
Има заби - за некој што е остар, непријатен, опасен.
Покаже заби - настапи остро.
Стега заби - храбро трпи, поднесува нешто.
Зборува низ заби - зборува одвај чујно, тивко, неразбирливо.
Заб не обелува - молчи, не проговара ни збор.
Му дошла душата во забите - многу се изморил, исцрпил.
Му дошла душата во забите - на умирање е, пред умирање е.
(книж.) Заб на времето - разорна сила на годините, на времето, пропаѓање поради долгото траење.
(библ.) Око за око, заб за заб - треба да се одмазди, да се врати на ист начин.
(посл.) Hа подарен коњ забите не му се гледаат - на подарокот не му се наоѓа мана.
Изведенки
1. запче ср.
мн. запчиња
дем. и хип.
2. запченце ср.
мн. запченца
3. забиште ср.
мн. забишта
аугм.