јадица
мн. јадици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8093
1.
Дел од риболовна опрема, метална жичка свиткана како кука, со остар врв.
Примери:
Црвчето висеше на јадицата.
2.
Дел од риболовна опрема, дрвен или пластичен стап на кој се врзува конец со јадица
Примери:
Отидов да ги видам јадиците.
Ја префрли јадицата на рамо и замина.
Слично со:
трска (ж.)
Изрази
Се фати на јадица - падна во стапица, се полакоми по нешто, се измами.
Фрли јадица - се обиде, се подготвува, настојува да придобие некого за лична полза.
Изведенки
јадиче ж.
мн. јадичиња
дем.
мн. јадичиња
дем.