јадица (ж.)
Стар рибар со јадица му дава понадица.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Си врвеше тој ден рибарот дедо Гога покрај реката, со јадица преку рамо и празна торба на грбот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А ако се случеше да фати риба, ќе ја откачеше од јадицата, ќе ја погалеше по блескавите мазни крлушки и ќе ја пуштеше зборувајќи ѝ: - Пливај си слободно, рипке!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Неуморните рибари во нив, со најобични јадици, секој момент од морските води вадат риба, ги полнат кајаците...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Да... - рече Дејко, - само ако нејзината крв дојде во допир со крвта на човекот... преку некоја рана, преку боцнување со јадицата на која има крв од јагулата, или ако нејзината крв влезе во човекот преку шуплив, расипан заб...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сево ова време не можам да се ослободам од чувството дека некој ме влече за нос, дека сум се фатил како сом на јадицата на некое буниште.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Евдо толку чекаше да не биде скаран, веднаш стана да ја фрли јадицата во првиот вир.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но Евдо ја фрлаше јадицата со црв, а ја вадеше без црв.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Треба да ја погодиш мушичката, - му објаснуваше Фоте, одбирајќи ги пред да ги закачи на јадицата. - Инаку нема да загризе.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Можеби требаше да се здржам и да одбијам кога ми предложи да ми ја покаже онаа карпа на езерото каде што понекогаш ја фрла јадицата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој ја слече кошулата, ги запрегна донекаде пантолоните, а потоа ја одвитка и ја фрли јадицата во водата долу.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Иако малку столчен од нејзиното зло око, ама решен да не ја испушта јадицата и да биде денес или утре тоа што и татко ѝ, сепак се насрчи како мачор на оса.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Одам до една карпа над езерото, ја пуштам јадицата и чекам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Рибино око
немам око да те видам
имам да те гледам
на свој начин, во свое време
никогаш да не ти се нагледам
од овие сфери, од овие длабини
да те изобличам
да те преобразам
на очите да не си веруваш
така исто сум гледала и молчела
молчела, значи гледала
пред да ме крстиш риба
псариа, fish, poisson,
пред да ми ја откриеш смислата
и од мене да направиш соѕвездие,
знак, уметничко дело
пред да ме уловиш и од себе да создадеш Риболовец
а од мене добар пазар,
специјалитети
пред да ми ги дознаеш употребните вредности
- мои и на моето око, метафизиката
пред да измислиш мамки, глисти, црвци
јадици, со еден збор
јас се фаќам за јадицата
а моето око сѐ гледа и сѐ знае
но таи и разобликува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Тој е тип на човек што не загризува лесно на мамка, но ако загризе, тогаш ја проголтува мамката заедно со јадицата.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пробај, загризи ја јадицата. И чекај ја временската прогноза.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Што значеше нејзината смеа? Беше ли тоа отсјај на мренка фатена на јадица?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се уморив чекајќи... Со расштелована јадица да го дофатам најпосакуваниот плен...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ги побарав со поглед до крајот и ги здогледав. Тој, качен на карпата фрла јадица.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)