час
мн. часови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 175
1.
Како мерка, единица за време - што се дели на 60 минути.
Примери:
Состанокот траеше два часа.
половина час
Слично со:
саат (м.)
2.
Како мерка за пат, за растојание.
Примери:
До врвот има уште два часа одење.
3.
(само едн.) Членувано за определено време од деноноќието.
Примери:
Дојди во три часот.
Возот тргнува во осум часот и десет минути.
4.
Време определено за учебни занимања.
Примери:
час по математика
По третиот час, го напушти одделението.
Тој дома дава часови.
Слично со:
лекција (ж.)
5.
момент
Примери:
овој час
(во) истиот час
од тој час
И не би час. Ја скрила невестата и не би час, ете го и него.
И тој час станал домаќинот и излегол.
На часот (поретко: на час, часот).
еден час
Појди еден час, те молам, кај него и речи му да дојде.
(разг.) Секој час го очекуваме да се врати.
Слично со:
момент (м.)
6.
Везден, постојано, во секој момент.
Примери:
смртен (претсмртен) час
на добар час
час поскоро
Изрази
Му удри часот - му дојде часот.
Во дванаесеттиот час - во последниот момент.
Дванаесеттиот час удри - дојде крајот.
Удри часот - дојде време.